„I'm here“ е краток филм во жанрот романса со научно фантастика или во овој случај со научно фантастична база. Трае 30 минути (подолу е презентирана целата верзија за слободно гледање од овде)
Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.
Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.
Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.
Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.
"I'm sorry, Commander,
but I've learned we can't afford to die here, not even once"
-- Dr. Bashir (Battlelines - епизода од Star Trek: Deep Space Ninе)
.
Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија. Веќе знаеме дека Стар Трекот во оригинална смисла на зборот создаде не еден туку голем број на нови светови па дури и нови јазици (како клингонскиот), но ако го погледнете документарецот Трекис ќе се изненадите колку е всушност огромен светот на Стар Трек фановите, впрочем е неспоредлив со никоја друга група фанови! Документарецот е во режија на Роџер Нигард (Roger Nygard) во 1997, и раскажува за Стар Трек конвенциите и разговор со фановите. Denise Crosby е водителката која ги интервјуира фановите и Стар Трек глумците, она што таа ќе го колектира, забележи и обработи во филмот околу стар трек фанатизмот е зачудувачки импресивно.
Филмов е посветен на DeForest Kelley кој беше во улога на доктор во оригиналната Стар Трек серија во шеесетите и кој е починат во јуни ‘99-та година. Kelley во документарецот ќе сподели неколку негови искуства од конвенциите, тој се сеќава на првата конвенција во ‘72 –рата година кога фановите се договориле да соберат пари да платат доста скап хотел и да ги викнат глумците за да споделат импресии и искуства околу феноменот Стар Трек. На тој настан се собрале близу 400 луѓе кои буквално го блокирале хотелот и лифтовите, тоа било навистина огромен фанатизам кој ги импресионирал дури и глумците, тие велат се чуствувале како Бителси. Kelley раскажува и дека добил Џоинт во кутивче пратено по пошта од девојка која му била голем фан, таа и му пишала дека тој навистна многу пати ја запалил (еротично), па џоинтот му го праќа како благдарност за тоа.
Има една интересно бизарна случка кога на една конвенција после настапот на Кју глумецот, бидејќи тогаш бил доста болен, водата од чашата од која пиел веднаш ја купил некој фан за 60 долари и ја испил. Рекол: „ I got the Q virus!“ .
Бранон Брага (Brannon Braga), копродуцентот на Стар Трек сериите Војаџер, Дип Спејс и Ентерпрајз раскажува за еден фан кој на адресата на Стар Трек праќал писма, разгледници и пакети со списанија и приказни околу него и тоа секој ден цели 10 години! Еден доктор, исто така фан, од својот фанатизам својата болница ја направил во вистинска стар трек вселенска станица, медицинските сестри што работат таму, имаат специјална Стар Трек униформа од кои една не ја сакала униформата и плачела со недели околу тоа, но тој ѝ рекол дека мора или нема да работи тука, па на крај прифатила!
Една интересна приказна раскажува и James Doohan (починат во 2005-та) во стар трекот познат како Скоти кој во оригиналната серија од шеесетите беше во улога на инженер кој се грижи за техничкиот дел на бродот. Имено, добил писмо од некоја разочарана девојка која рекла дека сака да се самоубие и дека тој ѝ единственото нешто што го сакала во животот. Тој веднаш ѝ одговорил и рекол дека сака да ја запознае на конвенција за две недели. Се запознале и зборувале околу тоа, така на секои две недели во секоја стар трек конвенција по светот тие двајца се среќавале и тој ѝ зборувал позитивни нешта за животот, така после 2-3 години, таа одеднаш на снемало и после 8 години му пишала писмо дека му е премногу благодарна бидејќи токму на овој ден таа дипломирала електронска инженерија. Тој вели дека секогаш кога раскажува за ова, му насолзуваат очите и мисли дека тоа е најдоброто нешто што го направил во животот.
You have to be smart to connect science with the imagination!
Со овие зборови капентанот на Војаџер - Џенвејн, ја опишува научната фантастика како жанр. Таа е прв капетан од женскиот пол и секогаш е полна со вистински авторитет. Со улогата во филмот создава слика на еднаквост меѓу мажите и жените. Раскажува дека често била поканувана од фановите да ги омажува/оженува на свадбена церемонија..
Стар Трек креацијата е веќе половина век традиција на фановите, не знам колку точно конвенции се одржани, но имајќи во предвод дека на секои две недели по светот се одржува по една, тогаш бројот е огромен. Таму фановите се дружат меѓу себе и со глумците разменувајќи искуства од случки околу тоа. Стар Трек во овие педесет години од своето постоење, беше потик и охрабруваше многу фанови да почнат кариера во НАСА или да ја засакаат вселената на посебен начин, како и да научат многу нешта околу неа. Стар Трекот е дефинитивно најневеројатно нешто воопшто излезено од филмската индустрија.
.
== Трекис 2 ==
.
Во 2003 –та се лансира документарецот Трекис 2, каде за разлика од првиот кој беше само за Америка, овде е опфатен целиот свет, фанови и нивниот начин на живот во повеќе европски земји, Австралија и Јужна Америка. Овде се појавуваат и Стар Трек бендови каде песните им се инспирирани од сериите. Нема некои посебно импресионирачки приказни во Трекис 2, можеби луѓето во дваесет и првиов век се помалку креативни во фанатизмот.. Се спомнува и дека Џин Роденбери за времето кое го потрошил креирајќи стар трек, можел да создаде вистински транспортер на молекули, иако постои и сега, но на многу мала маса. Транспортерот, мобилните телефони, бук ридерите и уште многу форми на технологија, воопшто не постоеле пред да бидат популарни Стар Трек сериите. Идеите за денешнава технологија во најголем дел се земени од таму.
Вториот документарец се базира главно на тематиката дали фанатизмот се пречекорува, дали е тоа веќе ненормално и им штети во нормалниот живот на фановите, дали тие всушност имаат нормален живот или персоналитетот им е изгубен во самиот фанатизам. На тоа има повеќе одговори кои се различни меѓу себе. Можеби тоа зависи од индивидуалноста, можеби навистина е лошо да се изгубиш во фанатизмот трошејќи огромно време само за да уредиш куќа во стил на стар трек брод, или да свириш во стар трек бенд, да колектираш прескапи колекции од Стар Трек предмети.. Но од друга страна има случаи каде фанатизмот многу им помогнал во градењето на животот, некои интервјуирани фанови во предходниот документарец од ‘97 –ма, сега станале графички дизајнери во НАСА, и многу други примери на луѓе кои ја засакале астрономијата благодарение на Стар Трек.
Мислам дека уметност во животот, е да знаеш да се излажеш себе си за големината на нештата! Колку повеќе уживаш правејќи го тоа, толку подобро за тебе бидејќи тоа се едначи со импресија. Животот ти е исполнет, знаеш зошто живееш!
Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други. Oд Бразилски риболовец до Кинески продавач, од Германски перформер до Авганистански фармер, сите одговориле на истите поставени прашања: за нивните сонови, за нивните стравови, за желбите,„што научиле од своите родители“,„што сакаат да остават на своите деца“, „преку какви проблеми биле соочени во својот живот“, „што значи поимот Љубов за нив“ и уште четириесетина прашања сѐ со цел да се дознае што нѐ дели, а што нѐ соединва сите нас - 6 милијарди луѓе на планетава.
Јан Бертанд за проектов добил идеја кога заглавил во Африканската држава Мали, поради проблеми со хеликоптерот. Тогаш Јан целиот ден го поминал зборувајќи со еден од локалните луѓе. Домородецот му зборувал за своите соништа, желби и стравови во животот, неговата животна цел му бла да си ги израни своите деца. Јан вели: „тогаш се најдов себе си вметнат во најсуштинските мисли. Тој ме погледна право во очите, без да се жали или бара нешто до мене, дури немаше никаква експресија на незадоволство од својот живот. Потоа сонував да ги разберам тие зборови, да го разберам тоа чувство што нѐ поврзува нас бидејќи од таму планетава изгледа како збир на неверојатни и фасцинатни животи на кои им треба споделување.“ Јан има шеесет години, неговиот поглед кон минатото носи премногу информации, премногу слики и фасцинантни стории, но денес, вели тој, кога имаме толку многу технолошки опции како интернетот и можеме да ги споделиме сите наши различности, информацјата никогаш не била толку раширена и толку поверодостојна од порано, но сепак ни фали нешто – ни фали нејзиното разбирање.
Целта на проектот:
Проектот е лансиран во Фебруари во 2003 година, а е роден од една мала желба да се направи контакт со „другите“ луѓе. За да живееме заедно првото што е потребно е да се разбереме меѓусебно, да се осемлиме да го направиме првиот чекор; да прашуваме прашања, да слушаме, да биднеме дел од нечија животна приказна. Целта на проектов е да се соберат тие различни портрети на луѓе и да се нагласат нивните разлики со цел подобро да се разбереме меѓусебно. Зголемување свесноста за потенцираните разлики на „другите“ ќе влијае врз разбирањето дека сите начини на живот се правилни и ќе ја поттикне одлуката да живееме на свој начин!
Начинот на снимање:
Употребени се 40 и нешто прањаша, а за почетокот се изберени оние нѐ обединуваат: семејството, љубов, среќа; но и оние кои нѐ разделуваат на различни ставови: војна, примарните цели во животот и религиските или други верувања.
Следното е заеднички начин на снимањето: сите лица се снимени со идентични манири – предно вертикално снимање.
Заедничкото приоѓање: за секој лик е избрана позадна која ја отсликува неговата животна околина и истиот светлосен ефект како и звукот. Поставена е доверба меѓу репортерот и личноста која е интервјуирана за да таа зборува на лесен, доверлив и природен начин.
Како што еден режисерот Алберт Јакуард умее да рече: „Јас сум линковите кои ме брануваат во заедништво со другите“, така псоледниот дел од снимањето е составување на сите делови т.е. едиторскиот процес за линкирање или поврзување на содржината.
„Шести милијарди други“ не е геополитичко ниту социјално проучување, туку перспектива на човешството, колекција од човечки приказни. Приказни за стравовите, за задоволствата и соновите; кои ја создаваат нашата заедничка приказна. Собирајќи сведоштва за различноста на човечкиот вид, таткото на проектот се обидува да докаже дека различностите потекнуваат од самата потреба за преживување на светот поради самите различни услови во различните негови делови. Колку повеќе нѝ се изедначуваат условите – толку повеќе се зголемува разбирањето меѓу нас. Патем, за комплетирање на овој проект биле потрошени точно шест години, многу енергија, труд и најважното – меѓусебно разбирање.
________________________________________________
Неколку делови од снимањето:
"How about I believe in the unlucky ones? Hmm?" ~ October sky (филм)
Нештата кои целосно го заслужуваат епитетот „добри“, потребно е во себе да ја поседуваат целата содржина на поимот „Добар“. Секако во него има повеќе начини на приоѓање, но само еден е директниот а тоа е самата суштина и едноставност на поимот. Добрите нешта ја имаат својата добрина внатре во својата потсвест, па неретко се поврзуваат со поимот душа и опишуваат некоја појава која е мила и пријатна, токму поради својата мирољубивост и несебичност.
Поттикот да ги погледанм нештата кои го носат овој епитет ми го даде филмот кој го изгледав пред неколку минути – October sky. Им давав некое посебно значење на филмовите, многу слично како на поезијата и расказите, па за да можам да се присеќам на нив кога составувам некоја теорија во сопствените ставови и идеи – ги колектирам сите изгледани филмови на профилот за рангирање филмови на criticker.com. Денес после филмот October sky и дискусија со еден другар за тоа што треба да содржи еден Добар филм, дојдов до една мисла дека можеби и знам зошто драмата ми е омилен жанр, зошто филмовите од овој век се разликуваат (по лошо) од оние од минатото и зошто бе да ја знам причината отсекогаш ги сакав филмовите од крајот на деведесетите.
Новиот начин на живот кој нѐ оделува од предходниот век, ни наредува да ја откорнеме од себе онаа фикција која ја викаме душа и да си ја продадеме. На тој начин добиваме огромен авторитет кој ќе ни донесе материјални придобивки и ни е очајно потребно бидејќи факт е дека светот оклу нас гладува, а тоа е последното нешто што би си го посакале на себе. Постојат и луѓе кои ја имаат сета добрина во себе најчесто се чистачи, ѓубраџии и уште нешто слично, тие се тоа не затоа што не сакаат да си ја продадат душата, туку затоа што не се свесни дека можат. Тоа ги прави поглупави од другите. Но тоа е нивен проблем, мојот е дилемата како да ја спојам добрината со материјализмот или можеби навистина нејзиното продавање е всушност неизбежна еволуција?
Како и да е, кога сакам ДОБАР филм, ги барам најубавите драми кои се направени според вистинска случка или според роман напишан по вистинска животна приказна (клик за листа). Направив анализа на таквите филмови и видов дека сите се направени од деведесетите до самиот почеток на новиот век (клик за листа). Мислам дека поголемата половина од светот сака да се приспособи кон ослободување од својата суштина, добрина и душа, како за возврат би добиле поголем статус во општеството, а тоа значи и подобар живот; па тогаш зошто им се потребни филмови кои ја гајат и будат добрината во нив? – Тоа е токму мојата теорија зошто во последниве години повеќе се цени техничкиот ефект во филмовите отколку нивната приказна. Добриот филм денес е ректост, но сепак го има. Од новите доста ме имаат импресионирано Never Let Me Go (2010) и One Day (2011). Но како што спомнав погре за мнозинството, ми се случува и мене да сакам некогаш да погледнам нешто за забава, на пример во друштво не иде драма, туку секогаш комедија или акција. Тоа воопшто не се лоши филмови, но добрината и сето она што во себе го содржи тој поим, како епитет ја заслужуваат само драмите инспирирани од животна приказна и, ни еден друг филм.
Краток филм со антидетерминистичка поента. Во приказната се вметнати момче и девојче кои преку софистицирана технологија ќе си ја видат иднината со претпоставка да се во врска. Потоа самите ќе одлучат дали ќе ја изберат таа иднина.
Инаку, жанрот е драма со научна фантастика. Ѕci-fi елементите се само позадински детали од приказната, во предна скица е влијание на љубовта врз разумот, а тоа се отсликува токму во моментот на одлуката после видената иднина, од каде и се провлекува самата антидетерминистичка поента и ја заокружува приказната.
Патем, десетина секунди пред четвртата минута од видеото се соопштува дека билката Аспарагус првпат била одгледувана од антички Македонци!
Постојат нешта кои инспирираат, можеби тоа се нештата кои ја будат магијата во тебе наречена љубов. Нели, инспирацијата ја најдов толку блиску со љубовта што можеби сум убеден дека овие два поими се во крвна врска, можеби сестри, или братучетки, во најмала рака. Нештата кои (најмногу) ме инспирираат се луѓето, но и филмови. Всушност кого не? Но и музика, а и уште многу предмети и чуда, кои постојат реално или се само фиктивни, сеедно. Уметноста создава љубов, а и љубовта создава уметност.
.
Филмот кој сакав да ставам во рамка за некогаш подетално пак да се потсетам на него, се вика ‘The Adjustment Bureau’. Се најдов себе си како истиот го оценувам на criticker.com со цели 99 поени, што ми се случува само втор пат (првиот беше со The Legend of 1900), од 287 рангирани филмови таму. Филмот е романса со sci-fi елементи (омилената комбинација), но сметам дека поентата му е доста објективна, што ги трга на страна моите субјективни омилености кон филмот.
.
Се замислува приказна каде што постои детерминација од суштества од друг свет, кои се моќни за да го спроведат тоа во оваа планета. Во последно време многу често се отвараат прашањата за човековата слободна волја, па научната фантастика овде наоѓа начин да ја објасни т.е. искористи и оваа дупка односно нејаснотија кај збунетите физичари и психолози. Замислата е дека овие надмоќни суштества ги донесуваат одлуките наместо нас. Тие го правеле тоа до 1910 година каде што направиле пауза за да ја проследат нашата способност за управување со светот, но ние „паднавме на тестот“ и за малку ќе ја експлодиравме планетата. Па ете ги детерминисците назад на работа. Тие до денес и потаму, го учат светот на слободната волја, земајќи му ја. Мет Дејмон (Matt Damon) е во главна улога, заедно со Емили Блант (Emily Blunt). Дејмон ќе го направи оној прв мал чекор за себе а голем за човештвото, тој ќе ја победи битката што требаше да му ја одземе слободната волја, и ќе си ја врати назад. Тој тоа го прави со љубов, тој тоа го прави со инспирација.
.
Девојката која во приказнава е енормно хемиски поврзана со него, според планот на луѓето кои го спроведуваат детерминизмот, требаше да се запознае со него уште во 70-тите, но планот се сменил, па уште еднаш во 80-тите, но пак доаѓа до промена на планот, а овој пат кога токму тие намерно му ја донесуваат за да ја запознае, иако според планот не смее никогаш повторно да ја види, тие двајца ќе се поврзат толку силно, што ќе се создаде вистински хаос при обид за нивно разделување. Причината поради која овие намерно ги запознаваат е токму инспирацијата која девојката треба/ќе му ја пробуди на Дејмон за следниот губитнички говор (инаку предходно губи на политички избори). Говорот ќе биде толку искрен и инспиративен што ќе направи вистинска револуција кај американскиот народ, по што станува повторно сакан од луѓето и се движи кон победа на следните претседателски избори. Причината зошто тие двајца според планот не требаше никогаш повторно да се сретнат е: ако бидат заедно неговиот сон нема да се случи, а ниту нејзиниот – да стане славна танчерка (а е не вистински пат за тоа). Откако од детерминувачите ќе им се обајсни причината за нивна разделба, тие ќе одлучат да ги отфрлат соновите на животот и да бидат заедно. Тоа ќе инспирира еден член од суштествата што се грижат сѐ да оди според планот, да го убеди односно инспирира главниот меѓу нив (кој го пишува планот) да ја едитира книгата со планови.
.
Оттука изникнува самопрашањето: дали ние би се откажале од нашите најголеми соништа за успех во животот, за да бидеме со личноста која (поради одредени причини) е хемиски поврзана со нас? И дали оваа одлука одлучува дали ние ќе имаме или не, слободна волја? Или „ако се запрашаме себе си што би одбрале – успун без врв или понор без дно, што би одбрале?“* Чудниве прашања ме размислуваат дека можеби одлуката да паѓаме е будењето на слободна волја во нас. Дека успехот е оковување синџири на својата слободна волја. Зошто? – Затоа што сме слободни во тоа, додека успешноста ни зависи од многу други, на кои им должиме услуги.
.
На пат ни е една голема лекција поврзана со слободната волја, љубовта и инспирацијата; која треба да ја одживееме за да ја сфатиме онолку колку е потребно за да направиме неколку промени поради тоа. Филмот е само блиц на чиста свесност околу прашањава, која во следниот миг ќе исчезне и ние ќе продолжиме со слободен или помалку слободен, а сопствен – живот.
„Не се плашам од ништо. Колку е поголемо моето страдање, толку е поголема мојата способност да љубам, страдањето единствено ја зголемува мојата љубов. Тоа ќе ја изостри, прости му го гласот. “
-Бернхард Шлинк
Бернхард Шлинк е големиот германски писател кој со неговото маестрално дело „Читачот“, впечатливо отсликува една поствоена и морално ранлива флуидност на животот во Германија после втората светска војна. Го воздигнува чувствителниот и драмски елемент во една силна животна приказна протегајќи ја во релација меѓу два главни лика: Мајкл Берг и два пати постарата Хана Шмиц. Љубовта меѓу нив е главниот немир, но и морална отстапка која Хана ќе ја направи по втор пат во животот.
Почетокот го воведува читателот во една поствоена атмосфера рефлектирана врз сиромаштијата, гладот и болеста. Мајкл Берг го запознаваме на петнаесет годишна возраст кој е болен од жолтица веќе неколку дена, неговата физичка слабост ќе го разочара од себеси и ќе се исповрати допрен на ѕидот на една куќа, тогаш ќе се засрами уште повеќе. Но тоа е клучниот момент во целиот негов живот бидејќи тука ја запознава Хана која ќе му помогне чувствувајќи го во себе мајчинскиот инстинкт, ќе му ги измие устата и рацете и ќе ја сочувствува неговата слабост и плач предизвикан од срам.
„Таа го почувствува мојот поглед. Пред да го земе другиот чорап, подзастана, се сврте кон вратата и ме погледна во очи. Не знаев како ме гледа – зачудено. Прашалнички, со разбирање, прекорувачки. Се заруменив.“
После некое време нивните средби ќе зачестат и ќе разгорат љубов. Љубов која е завиткана во тајна и претпазливост, но и исполнета со секс, заедничко сапунење во када, и читање книги. Кога Мајкл почнува да ѝ чита од „Одисеја“, „Хак Фин“ и „Дамата со малото куче“, нивната љубов станува сериозна, а со тоа се продлабочува и моралниот проблем поради огромната разлика во нивните години. На Мајкл му е јасно дека таа е постара, но не може да определи точно, се заљубува без важност на годините на Хана, кои се точно два пати повеќе од неговите.
„Тешко се проценува возраста која не си ја доживеал и не си ни блиску до неа.“
Бернхард го задава страствениот повик на љубовта семиотички транспонирана преку гласното читање на Мајкл. Нивната релација станува секојдневна маршута која колку повеќе се зацврстува, толку повеќе се доближува до кулминацијата и, секако крахот. Нивната љубов завршува со исчезнувањето на Хана, и оставеното скршено срце на Мајкл кој ќе мора да се помири со тоа под влијание на времето. Времето и ќе го порасне, но она што вистински ќе го оформи е богатото исксутво од љубовта со Хана, таа всушност емотивно го созрева неговиот дух. Страдањето по неа го изострува чувствителниот дострел, ја прецедува љубовта онолку пати колку што е потребно за да биде доволно густо концентрирана и, вистински чиста.
Хана носи бреме на вина кое ја крши нејзината цврстина и ранливоста ѝ задава казна врз себе. Таа мора да се казни поради тајната љубововна афера со младиот Мајкл, и се решава на заминување во друг град, со што долготрајно ќе исчезне од животот на Мајкл. Тоа е нејзината прва казна, која ќе треба да го исправи Мајкл кон нормалниот тек на живот, и ќе го направи тоа. Тие двајца се несразмерна спротивност, тие мора да завршат. Но тие пак ќе се видат, точно по осум години.
Како одраз на бумерангот, како акција – реакција, како карма; така и животот ни ги враќа нештата, одамна турнати под тепих. Нараторот ќе создаде силна амбиваленција и ќе го отвори филозовско психолошкиот темел на јадрото на романот; со повторното видување на Хана, во судска сала. Мајкл е набљудувач со група студенти по право, додека Хана е оптуженикот за воено злосторство во времето на нејзиното стражарење во Аушвиц. Внесениот нов бран во романот, овој пат криминалистички, создава филозовско морален процес и напнатост кај читателот. Но воедно и вистински удар во заплетот на една нова приказна, и разрешница на една стара љубовна афера. Мајкл чувствува амбивалентација, измешаност на љубов и омраза, на бес и вина. Тој ја наоѓа Хана како невина во процесот, бидејќи само тој знае дека е таа неписмена и не го напишала извештајот за нејзината наредба на неспасување на запалените евреи во затворена црква. Сепак неговата емотивна разнишаност во тој момент е она што ќе го заслепи и ќе го турне на страната на Хана. Обвинителниот случај е сепак комплексно претставен, но тоа често се случува кога моралот е ставен на масата за разрешување, тој нема јасни граници и е различен во секое општество. Но Хана сепак имала морална обрска да ги отвори вратите на црквата, но не го сторила тоа, па судот ќе ја најде како виновна. Пентата на писателот со претставувањето на еден ранлив и чувствителен лик како Хана, во една фашистичка униформа, е можеби дека ранливоста и несигурноста можат да бидат дел од каузалниот јазол на сечија погрешна постапка или во овој случај неутралност која претставува скапа морална отстапка. Мајкл сепак не може да се соочи со вината на Хана, имајќи ја во предвид нејзината љубов, чистина, нежност. Тој започнува недоверба кон законот и моралните принципи.
„Што е законот? Дали е тоа она што пишува во книгите, или е всушност она прописното и следено од општеството? Или закон е тоа што мора да е прописно и следено без да е важно дали е во книгите, доколку нештата практично би функционирале?“
Комплексниот дискурс на приказната не завршува, тој ќе го следи протогонистот целиот живот. Хана ќе ја осудат на доживотна робија, а Мајкл ќе го продолжи животот, повторно разделен од Хана, и пак по нејзина вина, но и нејзина казна. Читателот е оставен во когнитивна контемплација за моралитетот, казната, љубовта и „што понатаму“.
После многу години копнежот по трет пат се враќа во Мајкл, по острата љубов, а на Хана - по незаборавениот и непростениот глас на нејзиниот читач. Третото нивно навраќање кон вечниот отпечаток на љубовната афера, го заокружува и појавува високиот дострел на прочистената со страдања, љубов, вистина, сеќавања, животна приказна, тајна. Мајкл е веќе оженет и татко на возрасна ќерка, ја посетува Хана во затвор, а таа веќе во старечки години, одеднаш ја рефлексично ја враќа младоста и забранетата љубовна афера која се простира безвременски во целиот тек на нивните животи; и му се обраќа со „малечок“. Понатамошните нивни дружења продолжуваат кога Мајкл ќе продолжи да ѝ чита и снименото читање ќе ѝ го праќа во касети.
Со зачестување на овој ритуал, Хана се соживува со слушањето и наеднаш одлучува да се описменува, па последните денови од затворската казна ќе ги помине учејќи се да чита и пишува. Тој на времето духовно созреваше преку нејзината љубов, а таа сега писмено, преку неговото читање. Љубовната нишка повторно зажарува преку спомени и минатото, но кај Хана по помилувањето на затворската казна се појавува страв остантите години да ги помине на терет на Мајкл, и решава да си го одзеде животот. Тука завршува љубовниот рефлекс на аферата, приказната, копнежот рефлектиран од минатото и жарот на една човечка судбина. Нејзината последна желба писмено ја предава на Мајкл. Имено го моли нејзините заштедени пари да ѝ ги даде на единствената преживеана еврејка од нејзиниот фашистички чин кој ќе го плати со животот. Мајкл ѝ ја исполнува желбата.
„Јас ќе бидам единствениот ангел кој ти е потребен. Ќе го напуштиш животот дури многу поубаво отколку кога влезе. Рајот ќе те пречека, ќе те погледне и ќе ти каже: Само едно нешто може да ја исполни душата правејќи ја комплетна, а тоа е љубовта.“
Филозовско моралниот елемент вткајан во една љубовна драма, го бои романот со некоја магичност на спојувањето, во која се огледува вистината. Вистина во приказна, во драма, во живот. Или приказна за животот, драмата и вистината. Дали е тажна или среќна, е занемарувачки детал пред осознавањето дека е вистина. Чувствувањето дека е вистина.
„Колку тажна приказна. Размислував долго. Не дека сега мислам дека е среќна, но мислам дека е вистина, а прашањето дали е среќна или тажна е небитно наспроти вистинитоста.“
Читачот на крајот останува единствено со својата курцијалност во приказната. Човечкиот живот е преголем за да се смести во приказна, тој продолжува со себе, тој самиот на себе е приказна, судбина, вистина..