Tuesday, January 17, 2012

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други. Oд Бразилски риболовец до Кинески продавач, од Германски перформер до Авганистански фармер, сите одговориле на истите поставени прашања: за нивните сонови, за нивните стравови, за желбите,„што научиле од своите родители“,„што сакаат да остават на своите деца“, „преку какви проблеми биле соочени во својот живот“, „што значи поимот Љубов за нив“ и уште четириесетина прашања сѐ  со цел да се дознае што нѐ дели, а што нѐ соединва сите нас - 6 милијарди луѓе на планетава.

Јан Бертанд за проектов добил идеја кога заглавил во Африканската држава Мали, поради проблеми со хеликоптерот. Тогаш Јан целиот ден го поминал зборувајќи со еден од локалните луѓе. Домородецот му зборувал за своите соништа, желби и стравови во животот, неговата животна цел му бла да си ги израни своите деца. Јан вели: „тогаш се најдов себе си вметнат во најсуштинските мисли. Тој ме погледна право во очите, без да се жали или бара нешто до мене, дури немаше никаква експресија на незадоволство од својот живот. Потоа сонував да ги разберам тие зборови, да го разберам тоа чувство што нѐ поврзува нас бидејќи од таму планетава изгледа како збир на неверојатни и фасцинатни животи на кои им треба споделување.“ Јан има шеесет години, неговиот поглед кон минатото носи премногу информации, премногу слики и фасцинантни стории, но денес, вели тој, кога имаме толку многу технолошки опции како интернетот и можеме да ги споделиме сите наши различности, информацјата никогаш не била толку раширена и толку поверодостојна од порано, но сепак ни фали нешто – ни фали нејзиното разбирање.

Целта на проектот:

Проектот е лансиран во Фебруари во 2003 година, а е роден од една мала желба да се направи контакт со „другите“ луѓе. За да живееме заедно првото што е потребно е да се разбереме меѓусебно, да се осемлиме да го направиме првиот чекор; да прашуваме прашања, да слушаме, да биднеме дел од нечија животна приказна. Целта на проектов е да се соберат тие различни портрети на луѓе и да се нагласат нивните разлики со цел подобро да се разбереме меѓусебно. Зголемување свесноста за потенцираните разлики на „другите“ ќе влијае врз разбирањето дека сите начини на живот се правилни и ќе ја поттикне одлуката да живееме на свој начин!


Начинот на снимање:

  • Употребени се 40 и нешто прањаша, а за почетокот се изберени оние нѐ обединуваат: семејството, љубов, среќа; но и оние кои нѐ разделуваат на различни ставови: војна, примарните цели во животот и религиските или други верувања.
  • Следното е заеднички начин на снимањето: сите лица се снимени со идентични манири – предно вертикално снимање.
  • Заедничкото приоѓање: за секој лик е избрана позадна која ја отсликува неговата животна околина и истиот светлосен ефект како и звукот. Поставена е доверба меѓу репортерот и личноста која е интервјуирана за да таа зборува на лесен, доверлив и природен начин.
  • Како што еден режисерот Алберт Јакуард умее да рече: „Јас сум линковите кои ме брануваат во заедништво со другите“, така псоледниот дел од снимањето е составување на сите делови т.е. едиторскиот процес за линкирање или поврзување на содржината.

„Шести милијарди други“ не е геополитичко ниту социјално проучување, туку перспектива на човешството, колекција од човечки приказни. Приказни за стравовите, за задоволствата и соновите; кои ја создаваат нашата заедничка приказна. Собирајќи сведоштва за различноста на човечкиот вид, таткото на проектот се обидува да докаже дека различностите потекнуваат од самата потреба за преживување на светот поради самите различни услови во различните негови делови. Колку повеќе нѝ се изедначуваат условите – толку повеќе се зголемува разбирањето меѓу нас. Патем, за комплетирање на овој проект биле потрошени точно шест години, многу енергија, труд и најважното – меѓусебно разбирање.

________________________________________________
Неколку делови од снимањето:












0 comments:

Post a Comment